Политички мотивирани насилства во Германија

Објавил: Узунов Бобан | 8 јануари, 2019 10:53

(фото) Германски пратеник брутално претепан

Фото/Текст извор: ©bbc.com/магазин

Германскиот екстремнодесничар Френк Магниц беше претепан и сериозно повреден во напад што полицијата го смета за политички мотивиран.

Лидерот на Алтернативата за Германија (АФД) во Бремен беше нападнат од тројца луѓе во центарот на северниот град во понеделникот. 

Партискиот потпарол на Алтернатива за Германија Јорг Мутхен постираше слика на твитер во која го нарече кукавички и болен напад со кој Магниц бил оставен полу-мртов

Маскирани мажи го удирале со дрво и со клоци по главата по што Магниц паднал во несвест, изјавија официјални лица од АФД.

Од Алтернатива за Германија се заблагодарија на градежен работник кој му придол на помош на пратеникот.

Г-дин Магниц само што го напуштил приемот за Нова Година во уметничкиот музеј во Кнештал во Бремен, кога бил нападнат. 

Магниц имал длабока рана на челото и неколку гребаници околу неговото око. 

Минатата недела канцеларија на АФД во источниот град Добелн беше оштетена од експлозија во која никој не беше повреден.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.