Од МНР не одговориле во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а Фрчковски пак изјавил дека нема коментар на оваа тема!

Објавил: Перо Милчин | 22 јануари, 2021 20:14

Фрчковски ќе биде нов амбасадор во САД?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Љубомир Фрчковски е најсериозен кандидат за амбасадор во САД, каде Владата со години нема назначено нов амбасадор, јавува Телевизија 24.

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски!

Од МНР не одговориле во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, а Фрчковски пак изјавил дека нема коментар на оваа тема.

Државата со години нема амбасадори во десетина држави во светот, па така Македонија освен во Вашингтон нема представник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско – бугарскиот спор земјава нема амбасадор ниту во Софија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.