Професорот Фрчкоски јавно потврди дека Владата има намера да го суштински да го брише АСНОМ од преамбулата, ќе биле само спомнати одлуки кои им се допаѓале на Грците

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 7:17

Фрчкоски: Грците се плашат од АСНОМ, затоа и бришеме дел од одлуките

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот министер за надворешни па внатрешни работи на Македонија, професорот Љубомир Д. Фрчкоски со јасен став потврди дека Владата во уставнит измени ќе брише одлуки од АСНОМ.

АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обединување на трите дела на Македонија. Дека последниот проглас на АСНОМ се однесува на тоа дека овде е создадена држава, но македонскиот народ не ги заборава другите два дела кои останале необединети. Сега тој дел го вознемирува Грците. – изјави Фрчкоски при гостување во “24 Отворено”.

Воедно Фрчкоски објаснува дека тоа е проблем ги плаши Грците и тие морале да најдат решение.

Ако го ставите АСНОМ, сите документи на АСНОМ одат со оваа декларација и они имаат коментар на тоа. И затоа е таквото решение во амандманот. Не се повикува на АСНОМ генерално туку се наведуваат кои документи од АСНОМ на се повикува и на страна се набројуваат, со тоа се исклучува таа декларација и се завршува работа со  суштинска. – истакнува Фрчкоски.

Фрчкоски не појасни кое тело и која комисија ќе ја изврши селекцијата кој документ од АСНОМ смее а кој не да се именува во уставните измени, поточно во новата нацрт Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.