Вицепремиерот Османи задолжен за европски прашања, на колегата Лика по годишнината од Охридскиот рамковен договор му ја "украде" и прославата на Албанската азбука

Објавил: Мартин Попоски | 21 ноември, 2018 7:18

Хазби непожелен ни на прославата на Албанската азбука

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Вицепремиерот Хазби Лика која е задолжен за имплементација на рамковниот договор е оставен без никакви задолженија во одбележувањето 110 години од албанската азбука.

Владата одлучила, а Собранието утврдил буџет, оваа година носител на одбележувањето да биде Секретаријатот за Европски прашања.

На прашањето каде е Хазби Лика и дали воопшто е вклучен во организацијата, вицепремиерот Бујар Османи одговара дека му била испратена покана но сепак не е сигурен дали ќе присуствува.

Сметавме дека во Рамки на тој политички контекст, на таа историска одлука и на таа конзистентност во прозападната ориентација на нашата држава на нашите граѓани, нешто кое не спојува и е кохезивен фактор на сите етнички заедници во државата, а тоа е таа прозападна ориентација, сметавме дека Секретаријатот за Европски прашања ќе даде таков дух. Да, поканет е, мислам дека ќе присуствува. – вели Бујар Османи.

Хазби Лика оваа година не присуствуваше ниту на церемонијата 17 години од потпишување на Рамковниот договор.

Тогаш неофицијално се шпекулираше дека бил лут на претседателот на ДУИ Али Ахмети, затоа што организацијата по повод годишнината ја организирал вицепремиерот Бујар Османи, а не како изминатите 16 години – секретаријатот за рамковен кој сега е во рацете на Лика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.