Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 септември, 2020 11:29

Османи: Ахмети е повикан во Хаг како сведок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред државни микрофони не одговарам на партиски прашања, но Али Ахмети е повикан во Хаг како сведок, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод размената на ресорите,објави Курир.мк.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, утре треба да сведочи на Специјалниот суд за воените злосторства во Косово.

Како што беше потврдено од неговиот кабинет, Ахмети ќе оди за Приштина да сведочи за неговата улога во ОВК.

Меѓународните обвинители побарале Ахмети да биде два дена на располагање за неговото сведочење.

Лидерот на ДУИ Ахмети минатиот месец на неговиот фб профил објави дека на покана од Специјалното обвинителство со седиште во Хаг кое ги истражува злосторствата за време на војната во Косово, како сведок и еден од основачите на ОВК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести