Според „Независне новине“, ваквата одлука се уште не е донесена и се уште не е јасно на кој начин потфелјот за проширување ќе биде дефиниран, иако Ленарчиќ во бриселските кругови се почесто се споменува како можен кандидат на оваа функција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 12:10

Хан си заминува- познато кој ќе го замени еврокомесарот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика доби свој наследник. Медиумите веќе почнаа да шпекулираат дека наследник на Хан ќе биде словенечкиот дипломат Јанез Ленчариќ.

Бањалучкиот весник „Независне новине“, повикувајќи се на повеќе неименувани извори денеска неофицијално го објави наследникот на Хан, истакнувајќи дека се работи токму за Јанез Ленчариќ.

Јоханес Хан (роден на 2 декември 1957 година) е австриски политичар кој работел како европски комесар за европска политика за соседство и преговори за проширување од ноември 2014 година. Претходно тој беше европски комесар за регионална политика од 2010 до 2014 година и како австриски министер за наука и истражување од 2007 до 2010 година

Според „Независне новине“, ваквата одлука се уште не е донесена и се уште не е јасно на кој начин потфелјот за проширување ќе биде дефиниран, иако Ленарчиќ во бриселските кругови се почесто се споменува како можен кандидат на оваа функција.

Како што пренесе весникот, и словенечката Влада го номинирала Ленарчиќ за свој кандидат за еврокомесар. Весникот пишува дека ресорите во кои Владата на Словенија би сакала да го види Ленарчиќ  се комисаријатите за животна средина и за енергетика.

Добар познавач на бриселските прилики за „Независне“ вели дека  е речиси извесно дека следниот комесар за проширување ќе дојде од соседството на Западен Балкан, со оглед на тоа дека последните двајца еврокомесари беа од Словачка и Австрија.

-Може да се очекува по извесното иманување на Шпанецот Жозеп Борел за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ресорот за проширување да го води лице кое ќе може да воспостави одредена противтежа на политиката која од ЕУ се водеше кон регионот на Западен Балкан. Од тој агол Словенецот ќе изгледа како паметен избор, вели неименуваниот извор за весникот и додава дека конечниот правец, сепак, ќе го одреди Урсула фон дер Лајен, која функцијата претседател на ЕК ја презема на 1 ноември.

Наводно Фон дер Лајен вчера остварила средба со Ленарчиќ за да разговара за можната позиција во ЕК, но не се очекува дека таа во овој момент би можела да ги открие картите, додава „Независне“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.