Треба да престане купувањето на оружје од Русија, па после тоа може да се разговара за некаков дијалог, изјави Харадинај.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 11:31

ХАРАДИНАЈ: „Ако Србите престанат да купуваат оружје од Русија, тогаш ќе ги укинеме таксите„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, изјави дека таксите на српските производи ќе биде суспендирани, ако Србија го признае Косово како држава и ако престанат да купуваат оружје од Русија.

Харадинај во емисијата РТВ „Дукаџини„ повтори дека таксата ќе престане само ако се признае Косово како држава, но спрема неговите зборови постојат и други можности да се запре овој договор, ако однапред се спрема договор помеѓу признавање на Косово и Србија.

Треба да престане купувањето на оружје од Русија, па после тоа може да се разговара за некаков дијалог, изјави Харадинај.

Харадинај е роден на 3 јули 1968 година во Глоѓане, Дечани во Косово. По демонстрациите на Косовските Албанци, во 1989 година емигрирал во Швајцарија, каде што е регрутиран во Народното движење на Косово од кое се создала Ослободителна Војска на Косово. Во Швајцарија научил кунг-фу и воени вештини. Во Албанија, во 1996 година, завршил обука и се приклучил во основањето на терористички бази во градовите Кукс и Тропоја. На Косово доаѓал само илегално, додека во средината на 1997 година се вратил трајно во Косово, каде што, со браќата Даути и Шкељзени, организирал терористички напади на полицијата ширум Косово. Во април истата година, станал еден од регионалните команданти на ОВК.

Пред воведувањето на 100-отстни такси на стоката од Србија и Босна, во Косово дневно влегувала српска стока во вредност од 1, 2 милиони евра, а потоа истата е намалена на неколку стотици евра, изјави портпаролот на Царината на Косово Адриатик Ставилеци.

По воведувањето на таксите во Косово имаше неколку обиди за илегално пренесување стока во Косово, како јајца и други прехранбени производи од Србија, но тоа не беше на вознемирувачко ниво, изјави тој.

Харадинај бил обвинет од правосудните органи во Србија за воени злосторства за време на војната во Косово, поради што е издадена меѓународна потерница по него. Врз основа на тоа, кон крајот на 2016 година, Харадинај бил уапсен во Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.