Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 мај, 2020 22:14

Хеликоптерот кој утрово се урна бил на ремонт пред три години во Воздухопловен институт во Србија кој никогаш не правел ремонти на Ми-17

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Утрово во 11,30 часот на скопскиот аеродром, веднаш по полетувањето падна хелокоптерот со пет лица внатре, објави Курир.мк.

Полесно беше повреден само еден од пилотите на леталото. За причините за несреќата допрва ќе се истражува.

Се претпоставува дека една од можните причини бил и силниот ветер. На местото на несреќата интервенирало противпожарно возило.

Пожарникарите спречиле избувнување пожар од превртениот хеликоптер, а веднаш по ова јавноста се запраша за безбедноста на македонските хеликоптери во сопственост на МВР.

Имено хеликоптерите од марката Ми-17 кои чинат некаде околу 20 милиони евра поединечно, а нивните ремонти се прават на секои 10 години последен пат биле на ремонт во 2017 година кога во тоа време министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски.

Нивниот ремонт привлече внимание уште истата година кога во медиумите се појавија и детали за воздухопловниот институт „Мома Станојловиќ“ во Батајница во соседна Србија кој дотогаш не не работел ремонт на овој вид на хеликоптери пред македонските.

Дали поради неодговорноста на одредени луѓе и нечии интереси се става во опасност безбедноста на луѓето во овие хеликоптери кои биле ремонтирани во институт кој за прв пат тоа го правел е нејасно.

Инаку Македонија воените хеликоптери досега ги ремонтираше во Литванија, Унгарија и Хрватска тоа го прават во Русија,Босна и Херцеговина тоа го прави во Украина, додека Бугарија самостојно врши ремонт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.