Вистинска драма се случила во Скопје.
Според информациите на Министерството за внатрешни работи, во Полицијата Карпош, 52-годишната В.Р. од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот партнер С.С. биле малтретирани и присилно држени од лицата А.С. Е.Н. и Е.М. кои им одзеле и пари и накит откако таа не им платила за наводни лекови кои тие и ги набавиле и кои требало да ја подобрат нејзината здравствената состојба.
За среќа, успеале да се спасат и да пријават веднаш во полиција.
Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и приведени се Е.К (39) и А.С. (39) и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На територијата на цела земја се евидентирани 10.788 тешки кражби, а оваа бројка покажува намалување на тешките кражби, ако се спореди со онаа од 2017 година кога се евидентирани 11.229 тешки кражби.
Според анализите на МВР, стапката на тешките кражби е намалена и низ годините.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.