Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Објавил: admin@magazin | 2 мај, 2021 16:47

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/ фото:Фокус

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова шума, а куќите не се загрозени.

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

„Засега гори само шума, нема опасност за куќите“, велат од селото.

Од ЦУК информираат дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.

Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување, Локалните едининици за противпожарна заштита, Министерството за внатрешни работи, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи, согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, се наведува во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...