Од МЕПСО, пак, за МИА информираат дека дефект на трафостаницата во населбата Пинтија, според првичните и неофицијални информации, е причината за мракот во Скопје. Велат дека повеќе информации ќе соопштат кога ќе ги добијат од екипите што се на терен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 февруари, 2022 18:54

СКОПЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПОЖАР ОКОЛУ ТРАФОСТАНИЦА НА МЕПСО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожар околу трафостаница на МЕПСО во Пинтија е причината поради која попладнево немаше струја од околу 17.20 до 18 часот во речиси во цело Скопје. Директорот на МЕПСО Орхан Муртезани за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека напојувањето е прекинато поради пожар!

„Каде е точно пожарот и која е причината уште не знаеме, но мора да се прекине со напојување од трафостаницата за да се интервенира од Пожарната единица“, вели Муртезани и додава дека целосни информации ќе дадат подоцна.

На терен во моментов се екипи од Бригадата за противпожарна заштита.

Од МЕПСО, пак, за МИА информираат дека дефект на трафостаницата во населбата Пинтија, според првичните и неофицијални информации, е причината за мракот во Скопје. Велат дека повеќе информации ќе соопштат кога ќе ги добијат од екипите што се на терен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести