Тимови на МЕПСО го остранија дефектот на далекуводот кај Бунарџик нешто по 3 часот наутро кога се врати напојувањето во Бунарџик и индустриската зона. А екипите и денеска се на терен - се корегираат сите проблеми кои настанале во системот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 февруари, 2022 17:59

ДЕФЕКТ НА ДАЛНОВОДНИОТ СИСТЕМ ПРИЧИНА ЗА КУСОКОТ НА СТРУЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/24.мк

Преку работна група МЕПСО ќе ги утврдува причините за пожарот и дефектот кој настана кај трафостаницата во Пинтија.

Првиот човек на МЕПСО, Орхан Муртезани за ТВ 24 вели дефектот настанал прво на далекувод во Бунарџик па потоа се префрлил на трафостаницата во Пинтија.

Дефект на изолаторот и искрење, се првичните причини поради кои настанал пожарот во околината на далекуводите, при што системите за заштита на МЕПСО реагирале и автоматски се исклучила електричната енергија за да не дојде до поголема хаварија.

„Вчера се соочивме со дефект на изолаторска верига на 110 киловатениот далекувод Скопје4- Бунарџик. Од дефектот исклучува прекинувач во трафостаница Скопје4- Пинтија, на далекуводот. Во исто време реагира заштитата на трансформаторите од кои се напојуваат сите 110 киловатни трансофрматорски станици во Скопје, а со тоа и цело Скопје.“ – изјави Орхан Муртезани директор на МЕПСО.

Тимови на МЕПСО го остранија дефектот на далекуводот  кај Бунарџик нешто по 3 часот наутро кога се врати напојувањето во Бунарџик и индустриската зона.  А екипите и денеска се на терен – се корегираат сите проблеми кои настанале во системот.

Дека се работи за технички проблем во Студио 10 на ТВ24 изјави и првиот човек на регулаторна. Според Бислимовски вчерашниот прекин на снабдување со струја не може да се поврзе со енергетската криза.

Случајот е пријавен и во МВР и оттаму за ТВ24 велат се работи на негово расчистување.

Речиси цело Скопје, делови од Влесе и овчеполието  вчераа остнаа без струја. Во реко од еден час струјата се вклучуваше и исклучуваше неколку пати. Вчерашниот проблем се појавил поради технички дефект на еден од далекуводите токму тука во Пинтија кои го напојуваат Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести