И кога најмалку се очекуваше дека ГС на ОН ќе помине незабележително за хрватската претседателка, Грабар Китаровиќ го украде моментот "позитива" на настанот

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 15:01

Хрватската претседателка повторно хит на интернет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќне престанува да е во фокусот на вниманието.

Денес повторно го привлече истото, и тоа за време на заседанието на Генералното Собрание на Обединетите нации, со што со нејзиниот нов гест преку социјалните мрежи се запозна целиот свер.

Овој пат затоа што и ја поправаше фризурата на новинарка на ХРТ.

Имено Грабар Китаровиќ, подготвувајќи се за вклучување во програмата на ХРТ од Њујорк, каде што престојува заради заседанието на Генералното собрание на ОН, на новинарката на хрватскиот јавен сервис, и помогна да си ја поправи фризурата.

Снимката не беше емитувана директно на ХРТ, но беше објавена на Твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.