Оние кои беа иницијална каписла со нелегитимниот избор на Талат Џафери за т.н. претседател на Собранието сега ќе бидат "сведоци" во случајот кои сами го предизвикаа?

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 август, 2018 13:39

Цело СДСМ ќе сведочи против уставобранителите?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок 31-ви август во кривичниот суд во Скопје треба да почне доказната постапка во судењето за упадот во Собранието од 27-ми април 2017-та година кога треба да бидат сослушани првите четворица сведоци предложени од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Првите четворица пратеници кои се поканети да сведочат што се случувало критичната ноќ се пратениците Фросина Ташевска РеменскиПавле Богоевски и Илија Николовски како и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

За рочиштето кое е закажано за 6-ти септември покани ќе добијат Мухамед Зекири и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов а на седми септември сведоци ќе бидат премиерот Зоран Заев – министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и Никола Тодоров и Весел Мемеди.

Меѓу 36 сведоци на Обвинителството ќе сведочат и Енес ИбрахимПетар АтанасовКатерина КузмановскаХари ЛоквенецФерид МухиќКурто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа. Обвинителството предложило и заштитен сведок.

На четвртото судско рочиште закажано за утре по воведниот збор за обвинетиот Горначе Ангеловски обвинетите ќе треба да кажат дали се чувствуваат за виновни.

Судијката која го води предметот Добрила Кацарска закажа 37 рочишта од 22-ри август до крајот на ноември.

Прашање на денот е каде се “сведоците” Али Ахмети – Муса Џафери и Бранко Маноиловски кои не ни беа во Собранието со што СДСМ и ДУИ немаа ни 58 пратеници за одлука за која требаат 61 пратенички глас “за”?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.