Според документи на "Викиликс", експретседателот, Црвенковски го отфрлил предлогот на амбасадорката на САД, Миловановиќ од 2008-та година, Република (Северна) Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 6:20

Црвенковски: “Примена на ново име “erga omnes” за Македонија е премногу!”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата организација „Викиликс“ која објавува класифицирани информации, во документ од 29-ти јули 2008-ма година кој се однесува на грчко македонските односи, објави дека тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, сметал дека името „Северна Македонија“ за внатрешна употреба е премногу.

Објавениот документ е извештај на тогашната амбасадорка на САД во Македонија Џулијан Миловановиќ.

„Црвенковски мисли дека Грција ќе се согласи за името Северна Македонија. Хил праша за македонскиот идентитет и јазик. Црвенковски рече дека евентуален излез е грчката позиција дека дискусијата е за името на државата, а националноста и јазикот не се дел од разговорите. Црвенковски како можно решение, кое ќе го потпише е билатерален договор со Грција само за името и обемот на употреба во билатерални односи.

Македонија треба да го задржи македонскиот јазик и националност/идентитет, но ова може да биде со резулуција на Обиденетите нации (како додаток), а не нешто што Грција ќе треба да го потпише, со што ќе се спаси лицето на Грција и ќе се постигне договор за името и можниот опсег на употреба. Црвенковски вели дека Нимиц го разбира овој пристап“ – стои во извештајот.

Црвенковски за ова го известил и тогашниот премиер Никола Груевски со кои имале засебни но и заеднички средби со амбасадорката на САД.

„Црвенковски мисли дека Република (Северна) Македонија, ќе може да функционира во опсег каде сега се користи ФИРОМ. Тој вели дека обемот го смета за најпроблематичен елемнт. Пред букурешката понуда, Македонија да ги прифати препораките кои нациите сметаат дека треба да се користат (или препорачуваат да се користат) договорено име во билатералните односи, наместо уставно име, но последниот предлог на Нимиц да се бара билатерална меѓународна употреба е премногу.

Исто така, премногу е било која формула која бара Македонија да се се вика поинаку од Република Македонија, на пример на пасошите или продуктите. Една работа е да се дискутира како другите ќе ја нарекуваат Македонија, и под кои услови, но сосема друга работа е да разговараат за услови за диктирање на Македонија да се вика поинаку од уставното име“, пишува Миловановиќ во извештајот.

Инаку поранешниот претседател на Владата (1992 -1998), на државата (2004 – 2009) и на СДСМ (1991 – 2013) Бранко Црвенковски, го нема изјаснато својот став во врска со Договорот од Преспа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.