Осумнаесет години затвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков и Митко Пешов 18, 15 години затвор за Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Јане Ченто, Никола Митревски-Кољо, Влатко Трајковски и Мунир Пепиќ, 

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 март, 2019 13:31

Чавков 18 години, Дурловски Ослободен вкупно 211 години затвор а Муковски на слобода

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Осумнаесет години затвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков и Митко Пешов 18, 15 години затвор за Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Јане Ченто, Никола Митревски-Кољо, Влатко Трајковски и Мунир Пепиќ, Оливер Поповски доби казна од 13 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Игор Југ 12 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години, Младен Додевски 12 години како и Горанче Ангеловски, и Вилијам Михајловски 14 години, а слобода за Игор Дурловски.

Судијката Кацарска образложи дека трошоците на Дурловски спаѓаат на товар на буџетот на државата.

Ова се казните што ги изрече судијката Добрила Кацарска на обвинетите за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните кои се случуваа во собранието на 27 април. 

Чавков на денешното рочиште е спроведен од затворот „Скопје“, каде што се наоѓа поради одредената мерка притвор поради страв од бегство. Основното јавно обвинителство на 12 овој месец, по добиени сознанија и поради страв дека поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка притвор.

Како сведоци во судницата се појавија Трајко Вељановски, поранешниот собраниски спикер, премиерот Зоран Заев, пратеникот Влатко Ѓорчев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, новинарката Душица Мрѓа…

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија беа помилувани 15 лица.

Дел од оваа организирана акција неспорно се полициските службеници. Чавков бил известен за се, но не презел ништо. Не презеле ништо да се спречи насилното влегување во Собранието ни од Митко Пешов и Душко Лазаров. Полиција имало сосема малку на 27 април.

Пред судот очигледно е дека полцииајта е го има опколено судот

Ниту го спречил насилното влегување во Собранието, ниту пак презел нешто да ги спаси пратениците од тепање и од опасност некои од нив како Зоран Заев и Зијадин Села да бидат убиени. Тоа не го сториле ни Пешов, ни Лазаров. Тие не само што не ги заштитија пратениците, новинарите и нивните колеги на 27 април 2017 година, туку дополнително им ги загрозија животите“, кажа Кацарска пред да ги изрече пресудите.

На извршителите во овој процес јавното обвинителство им придодаде и петмина организатори на настаните од 27 април: Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Никола Бошковски, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.