Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине. Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации.

Објавил: admin@magazin | 23 мај, 2021 10:12

Честитка од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 23 Мај, Национален ден на Власите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства.

 Овој ден е значаен за Влашката заедница бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина.

Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат.

Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине.

Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации.

Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.