По прес конференцијата на заменик министерот нов случај на дијабет кај дете

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 15:39

Четврт пациент примен на Клиниката за детски болести во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дете на возраст од шест години со возило на Итна медицинска помош од Охрид е упатено на Клиниката за детски болести во Скопје изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат – Ирина Сотирова Бухова која претходно беше дел од денешната прес конференција која ја водеше заменик министерот за здравство – Асим Муса.

Ова е четврти случај на дете со дијабетес донесено на Клиниката за детски болести за само една недела.

Изминатите денови на Клиниката беше донесено 14-годишно дете од Охрид во тешка здравствена состојба – кое поради сериозноста на здравствената состојба потоа е упатено на КАРИЛ а биле примени и деветгодишно од Гевгелија и тригодишно дете од Свети Николе кое сега е пуштено дома.

Заменик министерот Муса за влошената состојба на девојчето на КАРИЛ оцени дека виновни се родителите кои задоцниле со реакцијата но и истакна дека сите три случаи се прво констатирање на заболување од дијабетис кај сите пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.