Тој, според нив, барал градината што се прави на покривот да се користи како тераса за објектот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 август, 2019 12:30

Човекот што го НАПРАВИ ЛОМ зелениот покрив е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Човекот кој синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот.

Вработени во ГТЦ за СДК.мк велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот. Тој, според нив, барал градината што се прави на покривот да се користи како тераса за објектот.

Непознат маж вчера го демолирал зелениот кров на ГТЦ, кој се уште е во изградба. Дел од конструкциите се наменети за зеленило, а дел се за кафулиња и ресторан.

Градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук профил го објави видеото од безбедносните камери, на кое се гледа лик на возрасен човек кој ги растура градежните работи, поставени на кровот на ГТЦ. „Зелениот кров на ГТЦ…И сторителот!!! Нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не!!!“ – напиша Шилегов на ФБ.

Инаку кафеаната и кафулето на кровот на ГТЦ се очекува да имаат атрактивен поглед накај “Жена Парк“ и накај Собранието на Македонија. Кој и да ја земе оваа локација, во самиот центар на градот, би се очекувало да има добра заработка и профит. Освен овој проект кој е во тек, градоначалникот Шилегов е познат по тоа што на почетокот на својот мандат ја врати постојката на автобусот 57 во сутеренот на ГТЦ, што беше свечено прославено со ди-џеј забава и со пригоден коктел за присутните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...