Шахпанска истакна дека со протоколот кој беше изготвен од Комисијата за заразни болести многу јасно се дефинирани обврските и апелираше при најмал сомнеш на ковид 19 во градинките веднаш да се алармира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 септември, 2020 10:35

Шахпаска: И при најмал сомнеж на Ковид-19 во градинките, веднаш да се алармира!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска по повод отворањето на градинките беше во посета на градинката „Буба Мара“ во Општина Аеродорм од каде посочи дека при влез на децата во градинката, биле запазени сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Родителите при носење на децата во градинка задолжително да имаат заштитна маска. Тие треба да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето.
Носењето и земањето на детето од градинка да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.

Шахпанска истакна дека со протоколот кој беше изготвен од Комисијата за заразни болести многу јасно се дефинирани обврските и апелираше при најмал сомнеш на ковид 19 во градинките веднаш да се алармира.

– Проценките на МТСП велат дека согласно протоколот во градинките има место за повеќе од 19.000 деца. Предност имаат деца на самохран родител или родители кои работат, а двајцата мора да се на работното место. Според податоците од градинките нешто повеќе од 14.000 деца се пријавени за посетување градинка, а има место за повеќе од 4.000 деца. Апелирам до сите чинители кои се вклучени во згрижувањето на децата од претшколска возраст при најмал сомнеж за Ковид-19 кај детето да алармираат. Министерството за здравство донесе посебни протоколи според кои се постапува со децата кои се сомнителни на Ковид-19 – рече Шахпаска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.