Од отворањето на градинките на 9 септември, за десет дена има две заразени деца, по едно во Скопје и Струмица, и воспитувачки од Свети Николе и Битола.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 11:56

Втор случај на дете во градинка заразено со Ковид 19- Владата одлучна родителите да се вратат на работа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во градинката  „Детска радост“ е регистриран уште еден случај на детенце заболено од Ковид-19. 

Како што изјави директорот на градинката Васил Бубев, детето вирусот го добило од член од семејството а не било носено во градинка од  понеделникот.

-Преземени се сите мерки за ширење на вирусот, а децата од таа група, воспитувачите и родителите се изолирани, изјави директорот.

Втор случај на заболено детенце од отворањето на градинките…

Инаку ова е втор случај на заболено детенце од отворањето на градинките. Пред три дена, скопската градинка „13 Ноември“ во општина Центар, го пријави првиот случај на заразено 15-месечно дете. Децата кои биле во група со заразеното дете беа ставени во домашна изолација.

Од отворањето на градинките на 9 септември, за десет дена има две заразени деца, по едно во Скопје и Струмица, и воспитувачки од Свети Николе и Битола.

Владата вчера излезе и со реакција во која наведува дека будно ја следи состојбата во градинките и оти нема место за паника. Таа останува на одлуката родителите на децата до шестгодишна возраст и оние кои беа на продолжено породилно боледување да се вратат на работа на 23 септември.

-Со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата, информираа вчера од Владата во соопштение во кое додаваат дека таа мерка изминатиов период беше во сила затоа што јавните установи за згрижување на деца, односно градинките не работеа.

Појаснуваат дека дополнително, во координација со Комисијата за заразни болести донесена е и Одлука за проширување на капацитетите на групите во градинките од 0 до 2 години, на по 12 деца во група, со што јавните установи за згрижување на деца имаат капацитет целосно да ги згрижат децата на мајките кои до сега користеа продолжено породилно отсуство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести