Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2020 14:40

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот пристап, не планира „затворање“ и построги мерки за борба против епидемијата отколку што може да се забележат во другите европски земји.

Иако многу европски земји повторно воведуваат драконски мерки како што се делумно „заклучување“ и полициски час за спречување на ширењето на коронавирусот, Шведска само го прилагодува својот поблаг пристап со воведување насочени мерки, иако со 5.930 жртви е една од земјите со најмногу смртни случаи по глава на жител.

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

На локалното население им се препорачува да избегнуваат јавен превоз и средби со луѓе надвор од нивното домаќинство до 3 ноември.

“Луѓето можат да се придржуваат само до овие строги препораки само за ограничено време, а времето е од суштинско значење, рече епидемиологот Андерс Тегнел.

 Швеѓаните работат од дома и имаат ограничен физички контакт, иако нема казни или санкции за непочитување на препораките.

Во четвртокот, владата ја укина својата специјална препорака за изолација на лица над 70 години и ризични групи, што е во сила од април.

Додека пак Македонија мака мачи со здравствениот систем, Филипче вели дека болниците се преполнуваат и дека Македонија се спрема и за сценарио за носење пациенти во други земји.

Во Македонија задолжително е носењето на маски, ограничени се фамилијарни средби и забранети се јавни собири. 

За неколку дена ќе биде ставено во функција новото крило во струмичката болница за лекување на пациенти со ковид-19, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ги посети болниците во Штип и во Струмица.

Од штипската болница ќе се префрлуваат пациенти во Кочани. Во Струмица ќе се пополнува кадарот со колеги од интерна медицина. Новото крило во струмичката болница е целосно снабдено со болнички кревети, централен довод на кислород. Таму има вкупен капацитет од стотина кревети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.