На Шекеринска и требаа 48 часа да реагира што нејзиниот грчки колега Каменос возвратил позитивно на здравицата "Спасете ја грчка Македонија" со зборовите "Кога ќе дојде време"

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 11:34

Шекеринска во обид да го испере срамот на грчката армија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

На министерката за одбрана на Македонија, Радмила Шекеринска и требаа 48 часа да реагира на изјава – коментар на незиниот грчки колега за провокациите на воена парада во Грција?

Имено поедини членови на резервните единици извикаа ,,Македонија е Грчка‘‘ додека поминуваа пред ВИП ложата на традиционална воена парада, одржана по повод сеќавање на денот кога Грчка влегува во борба против фашизмот во Втората светска војна.

Парадата се одржува по повод нападот на Италија на 28 октомври 1940 година врз Грција, од страната на Албанија.

На истата при обраќањето на Каменос, на присутните беше прекинат со извиците: ,,Оставка! Спасете ја (Грчка) Македонија!‘‘.

На што тој одговори ,,Кога ќе дојде време‘‘.

На парадата беа присутни и претседателите на Грчка и Италија, Прокопис Павлопулос и Серџо Матарела.

На ова се огласи и Шекеринска, два дена подоцна.

Скандирањата на воената парада во Грција против Договорот од Преспа не се во духот на пријателство и создавањето добрососедски односи. -оцени вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа додаде дека од моментот кога е потпишан договорот, и во Грција и во Македонија постојат групи на луѓе кои се противат на новиот дух.

,,Македонија е Грчка‘‘ како здравица на резервистите кон ВИП ложата

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.