Со ова се очекува, Шекеринска да се повлече од сите позиции во партијата предводена од Зоран Заев, оставајќи простор за нови ликови и тоа ќе му обезбеди на лидерот на партијата добра можност да ја освежи партијата и на крајот да го отстрани влијанието на поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 јануари, 2020 15:06

Шекеринска се подготвува за нова позиција- ќе биде амбасадор во САД?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, го напушта бродот кој тоне. Албанските медиуми пишуваат дека таа се подготвува да преземе нова задача што ќе ја одалечи од домашната политичка сцена. На Шекеринска, која е една од клучните фигури на СДСМ во последните 20 години, ќе и биде доверена функцијата амбасадор на Македонија во САД, дознава порталот in7 од високи извори во СДСМ и владиниот кабинет.

Со ова се очекува, Шекеринска да се повлече од сите позиции во партијата предводена од Зоран Заев, оставајќи простор за нови ликови и тоа ќе му обезбеди на лидерот на партијата добра можност да ја освежи партијата и на крајот да го отстрани влијанието на поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски.

Медиуми информираат дека Шекеринска ќе ја напушти СДСМ, и ќе биде амбасадор во САД.

 

Во моментов во рамките на партиските структури, Заев го гледа поранешниот министер за земјоделство и сега генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, како најверодостоен човек, кому му го довери процесот на реструктуирање, кој се чини дека започна и ќе заврши по предвремените избори на 12 април.

Сепак, за да се реализира овој тактички политички потег првично, Заев треба да победи на изборите, во спротивно неговата позиција на чело на партијата нема да биде сигурна, објави Курир.мк.

Планот на Заев со Шекеринска, не толку одамна, го најави и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на седницата кога се гласаше Техничката влада предводена од Спасовски, во говорот рече дека „еден од членовите на владата се подготвува да преземе важни задачи во странство по изборите“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести