– И во областите во кои добиваме критики имаме сериозни резултати. 4,1 отсто пораст на БДП не сме имале долго време, 630 милиони евра инвестиции не сме имале никогаш порано, 6 отсто покачување на платите и 50. 000 нови работни места, рече Шекеринска.

Објавил: Весна Петровска | 14 јуни, 2019 10:51

Шекеринска: Државата ја извадивме од калта

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која гостуваше во емисијата „Патот кон“, гостуваа и министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Владата, како што рече, не направи ниту една грешка и не им даде аргумент на скептиците да бараат оправдување за одложување на почетокот на преговори со ЕУ. За ова прашање за Република Северна Македонија, како што посочи, има консензус.

– И во областите во кои добиваме критики имаме сериозни резултати. 4,1 отсто пораст на БДП не сме имале долго време, 630 милиони евра инвестиции не сме имале никогаш порано, 6 отсто покачување на платите и 50. 000 нови работни места, рече Шекеринска.

Димитров се осврна на прашањето поврзано со обвинувањата за корупција.

– Нема земја која нема корупција, објективно на добар пат сме, оценката од Извештајот на ЕК, од Извештајот на СД за човекови права итн. Тоа го велат и пресудите за нападот и судењата за бивши и актуелни функционери. Ја имаме Комисијата за борба против корупција која отвори 300 случаи, а затвори 30. Го имаме СЈО, еден нов капацитет што треба да го сочуваме, рече Димитров.

Според Димитров, ова е исклучително важен момент за Северна Македонија. Порача оваа енергија да ја искористиме за, како што рече, да нѐ биде.

– Јас сум тука и ќе се фокусирам на мојата работа, нагласи Димитров.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.