Припадниците на АРМ кои испраќаат писма до ресорното министерство дека живеат и работат во мизерни услови, не ги посетува никој, додека новите гуми имаа свечен пречек

Објавил: Мартин Попоски | 18 ноември, 2018 6:59

Шекеринска им салутираше на новите гуми за АРМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонската армија никогаш не паднала на пониско ниво, министерството без срам објавува фото галерии како министерката за одбрана Шекеринска ги пречекува новите гуми за возилата на АРМ.

Поранешни, пензионирани офицери на ЈНА а подоцна и АРМ, говорат дека ни во основањето на АРМ како дел од ЈНА пред 75 години немало ваков срам.

Армијата функционира во мизерни услови, секојдневно се испраќаат писма до ресорното министерство за елементарни услови за функционирање, опремата некаде сеуште е од титова Југославија а Шекеринска се фотографија со гуми?

Имено официјално министерката за одбрана, во касарната Ѓорче Петров ги пречека новите гуми наменети за возилата на Армијата на Република Македонија (АРМ), а од овој настан од министерството објавија и галерија.

Министерката Радмила Шекеринска во посета на касарната во Ѓорче Петров, во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава. Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена! – напишаа на социјалните прежи од Министерството за одбрана.

Поранешни офицери на АРМ констатираат дека најави за набавки за војнички чизми и нови униформи се пропагираат од првиот ден кога Шекеринска стана министер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.