Во НАТО е спасот, а патот Шекеринска и МО до алијансата ќе го одвози со руско државно гориво преку тендер вреден безмалку 650.000 евра, за кои не се знае дали се антизападни

Објавил: Мартин Попоски | 9 декември, 2018 7:27

Шекеринска ќе не вози во НАТО на руска нафта

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И додека власта ја обвинува опозицијата и секоја слободна мисла која е против Преспанскиот договор за промена на името за антизападна, МО и Шекеринска со нов тендер за набавка на руско гориво.

Руската државна компанија „Лукоил“, го доби тендерот на Министерството за одбрана за да ја снабдува Армијата на Република Македонија со гориво.

Министерството за одбрана, предводено од министерката Радмила Шекеринска, за годинава одвои околу 45 милиони денари или околу 650.000 евра за набавка на гориво за армиските возила.

Со овие пари ќе се набавува Еуросупер БС 95 и Еуроедизел БС за сите возила во касарните низ државата.

Имено компанијата „Лукоил“ е државна компанија во која единствен сопственик е Руската Федерација. Македонија е држава аспирант за членство во НАТО алијанса која во изминатите неколку години е во постојан анимозитет со Русија, која пак јавно се противи на члениувањето на Македонија во НАТО и бара земјата да остане воено неутрална.

Рускиот претседател Владимир Путин, кој од западните партнери на Македонија е оквалификуван како автократ, според многумина, ги контролира конците во оваа државна компанија која ја користи за ширење на своето политичко влијание во светот.

Ова не е прв пат за потребите на АРМ да се набавува гориво од втората најголема руска државна компанија после Газпром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.