Детето го нашле полициски службеници во Скопје.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јуни, 2019 16:49

Шестгодишното дете кое исчезна во Тетово пронајдено е во Скопје!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што информираше Секторот за внатрешни работи од Тетово, пронајдено е шестодишнотото дете од Прилеп, кое беше пријавено во полицијата, како исчезнато на 18-ти мај од страна на неговите родителите.

СВР од Тетово информираше дека шестгодишното дете од Прилеп, ко е беше исчезнато од 18-мај, го нашле полициски службеници во Скопје. Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје, јавија полициските службеници од Тетово.

Детето било предадено и згрижено во соодветна социјална установа во Скопје. Инаку, детето и претходно во повеќе наврати се оддалечувало од неговите родители, но и честопати покажувало знаци и постапки на асоцијално однесување, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Овој случај во СВР Тетово на 20 мај го пријави неговиот татко, 29-годишниот Е.М. Според изјавата од таткото од детето, тоа се изгубило два дена порано додека играло во забавниот парк на спортскиот центар во Тетово.

Родителите и детето во мај привремено дошле од Прилеп во Тетово каде работеле на собирање старо железо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.