Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото “Цитроен” Б.П. и сопатничката во возилото “Фолксваген” А.С.З. додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете.
Вчера околу 08:20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево на крстосницата за село Ново Село и село Црвена Вода патничко возило “Фолксваген” со охридски регистарски ознаки управувано од А.Е. [ 37 ] од Струга во кое се превезувале А.С.З. [ 36 ] Џ.З. [ 32) ] и четири деца на возраст од 14 – пет – три и една година сите од Шведска преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило “Цитроен Ксантија” со охридски регистарски ознаки управувано од Б.П. [ 34 ] од село Ново Село општина Дебарца.
Тие биле задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо”. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.