Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 22:50

Шест деца позитивни на коронавирусот денеска хоспитализирани во Козле

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото бриф.мк

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациент. На кислородна поддршка се 50 пациенти, нема на механичка вентилација, објави Курир.мк.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 105, позитивни и сомнителни на ковид-19.

За потсетување, во последните 24 часа се направени 2065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 53

– Куманово 9

– Штип 4

– Прилеп 13

– Тетово 4

– Струга 2

– Велес 1

– Битола 1

– Охрид 1

– Гостивар 6

– Крива Паланка 1

– Радовиш 1

– Кочани 3

– Пехчево 2

– Берово 5

– Делчево 6

– Свети Николе 3

– Кичево 3

– Неготино 1

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49г и 50г), пациентка од Тетово (46г), пациент од Куманово (63г) и еден пациент од Прилеп (82г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти од:

– Скопје 56

– Куманово 9

– Штип 37

– Прилеп 3

– Тетово 4

– Струга 85

– Велес 13

– Битола 6

– Охрид 34

– Гостивар 20

– Струмица 3

– Крива Паланка 2

– Пробиштип 3

– Демир Хисар 1

– Македонски Брод 4

– Виница 1

– Кратово 1

– Кичево 15

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13914, бројката на оздравени пациенти е 10507, на починати е 578, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2829.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.