Византиски игри во СДСМ.

Објавил: Узунов Бобан | 10 јуни, 2019 9:36

Шеќеринска контра Заев: Ако си оди Тевдовски мора и Анѓушев ?!

U
Фото/Текст извор: ©тв21/магазин

Дали има несогласувања во партијата на СДСМ за реконструкција на Владата? ТВ21 вчера објав дека неофицијално  д огранокот на СДСМ во Скопје настојува доколку „метлата“ го опфати министерот за финансии, Драган Тевдовски, заедно со него да биде опфатен и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. 

Барат да се разрешат или двајцата или ниту еден од нив. Од СДСМ негираат дека има несогласувања во партијата. Од таму велат дека се ќе се знае до крајот на јуни.

Од друга страна, ТВ21 дознава дека Заев исто така сака да направи родов баланс на ниво на функциите, затоа бара да се зголеми бројот на ж ени кои раководат со владините ресори.


Во СДСМ постојат две крила, т.н скопско крило предводено од Радмила Шеќеринска околу која гравитираат  Дамјан Манчевски,  Рената Дескоска, Тевдоски и  Петре Шилегов. Провинцското крило во СДСМ предводено е лично од Заев и негови блиски луѓе се Горан Сугарески, Драги Рашкоски, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски и неодамна разрешениот генерален секретар на партијата Александар Кирацовски. Од извори блиски до СДСМ дознаваме дека причината за одлагање на операцијата Метла што ја најави Заев е одложена не само поради недобиениот датум за преговори, туку и неможноста на првите луѓе во двете крила на СДСМ да се договорат кој да замине а кој да остане од нивните табори. За испразнетото министерско место во земјоделие сигурно е дека тоа ќе биде кадар на Заев и ќе произлезе од провинциското крило. Шеќеринска инсистирала доколку замине нејзиниот човек од финансии Тевдовски, тоа да важи и за вицепремиерот Кочо Анѓушев, за кого според неа имало доста скандали во јавноста поврзани со негови фирми. 


Во јавноста се зборува дека доколку Тевдовски го сменат, него ќе го замени сегашната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, која ја има поддршката и на бизнис заедницата поради коректниот пристап и доброто партнерство со бизнисите.

Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски, вели дека ова е за поздрав. Според него со реконструкција на владата се поставува принципот за отчетност.

Извори на ТВ21 велат дека ДУИ во првата фаза на реконструкција ќе побара да има измени и на ниво на директори, а за министрите ќе дискутираат подоцна.

Како што дознава ТВ21, ДУИ со реконструкцијата на владата ќе добие и некои нови управи. Но како ќе се одвива реконструкцијата на Владата, ќе се знае следните денови.

Инаку, пред неколку дена премиерот, Зоран Заев, истакна дека доколку во јуни или јули Северна Македонија не добие датум за преговори, една од опциите е и враќањето на мандатот. Доколку работата стигне до таму, според Заев се отвораат две нови опции, формирањето на нова Влада или предвремени избори, за кои вели дека се штетни за економијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.