Се очекува после овој инцидент, Мартин Пановски, претседателот на Асоцијација на архитекти и Даница Павловска Циги повторно да организираат масовна акција “Гушни го ГТЦ“!

Објавил: Данаил Михајловски | 30 август, 2019 11:47

ШИЛЕГОВ ОБЈАВИ ВИДЕО – Се очекува нов масовен протест “Гушни го ГТЦ“!

Фото/Текст извор: ©Фејсбук

Непознат маж го демолирал зелениот кров на ГТЦ, кој се уште е во изградба. Дел од конструкциите се наменети за зеленило, а дел се за кафулиња и ресторан. Градоначалникот Петре Шилегов на својот фејсбук профил го објави видеото од безбедносните камери, на кое се гледа лик на возрасен човек кој ги растура градежните работи, поставени на кровот на ГТЦ. „Зелениот кров на ГТЦ…И сторителот!!! Нема да застанеме заради вакви „луѓе”. Скопје ќе го биде. Сакал некој или не!!!“ – напиша Шилегов на ФБ.

Дејан Ивановски, архитект од Скопје, во својата ФБ објава го критикува проектот за кровот на ГТЦ со изградба на кафеана. Но, во коментарите најгласен поборник за кафаната врз ГТЦ е Никола Наумоски, братучед на Шеќеринска и шеф на кабинетот на Шилегов.

Сепак, зад паролата промовирана од Шилегов како “Зелен кров“ на ГТЦ, изгледа дека се крие и нешто повеќе. Конкретно, се поставува арматура и инсталација за кафеана на кровот на ГТЦ. А против изградбата на кафеана на кровот на ГТЦ во февруари оваа година се изјасни и влијателната Асоцијација на архитекти на Македонија. Многу архитекти кои на времето беа дел од протестите “Гушни го ГТЦ“, сега на нивните социјални мрежи известуваат зошто не е соодветен проектот со кафеана на кровот на ГТЦ. Еден од нив е архитектот Дејан Ивановски, како и архитектката Елена Пискачева, Мила Амски, но и многу други. 

Тие го критикуваат довчерашниот борец за ГТЦ, Никола Наумоски (шеф на кабинет на градоначалникот Шилегов и братичед на министерката Шеќеринска), дека тераат проект што не е добар, но исто и проект за кој нема ни физибилити студија. Асистентката од Архитектонскиот факултет Милка Докузова му коментира на братучедот на Шеќеринска со следниве зборови “Никола (Наумоски н.з.), јас Мила и Дејан сме архитекти и сметам дека сме за нијанска постручни од тебе во проектов. Навистина ми е жал што твоето граѓанско дејствување и активизам, кое го следам од „Плоштад Слобода“, стигна до тука.

Инаку кафеаната и кафулето на кровот на ГТЦ се очекува да имаат атрактивен поглед накај “Жена Парк“ и накај Собранието на Македонија. Кој и да ја земе оваа локација, во самиот центар на градот, би се очекувало да има добра заработка и профит. Освен овој проект кој е во тек, градоначалникот Шилегов е познат по тоа што на почетокот на својот мандат ја врати постојката на автобусот 57 во сутеренот на ГТЦ, што беше свечено прославено со ди-џеј забава и со пригоден коктел за присутните. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...