Скопје за четири години стана град кој се грижи вистински за сите, вели Шилегов при посетата во Чаир каде ги молеше граѓаните за гласови!

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 октомври, 2021 17:20

Шилегов оди по улици во Чаир и моли за гласање

Фото/Текст извор: ©магазин

Како резултат на силното вложување во Чаир и северниот дел од градот цените на становите растат и ќе продолжат да растат.

Се развиваат општините од оваа страна на реката Вардар и се отвораат нови можности за инвестиции и вработувања.

Скопје за четири години стана град кој се грижи вистински за сите, вели Шилегов при посетата во Чаир каде ги молеше граѓаните за гласови!

Град кој вложува подеднакво без разлика каде живеете и кој јазик го зборувате. Без разлика дали сте од едната или другата страна на Вардар.

Тоа е така затоа што јас силно верувам дека само обединето, сплотено Скопје може да биде добро место за живеење. Барам поддршка да го продолжиме ова, барам поддршка да не ги вратиме никогаш поделбите во кои живеевме со години, рече Шилегов!

Независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37,20 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 34,97 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.