Имено актуелниот градоначланик на Скопје најави дека во рамки на проектот „Смарт сити“, ќе бидат осветлени сите улички, вклучувајќи ја и улицата „Мексичка“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 јули, 2019 20:12

Шилегов со порака до Груeвски: Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако утринава поранешниот премиер , Никола Груевски упати критики кон власта, односно кон актуелниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.

Имено актуелниот градоначланик на Скопје најави дека во рамки на проектот „Смарт сити“, ќе бидат осветлени сите улички, вклучувајќи ја и улицата „Мексичка“.

На тоа Груевски при тоа на својот Фејсбук профил напиша дека можно е Шилегов и премиерот Зоран Заев да бидат претепани во „некоја темна уличка“.

„Кажете ми, што јас да додадам повеќе од нив? Понекогаш ми доаѓа да фатам да го бранам. Но, не е сам. Опкружен е со забавни ликови “кои не се мешаат во својата работа” од типот на градоначалникот Петре кој тунелот под Кале, или мостот или трамвајот не ги ни почна‍, ама најави дека преку (се разбира фингирана) анкета, ќе ги менувале имињата на улиците во Скопје бидејќи многу имиња на улици не ја одразувале нашата реална историја (што не е правило при именување улици), па во истата реченица потенцирајки дека улицата „Петре Пиризе Мајски” требало да се замени со старото име „Мексичка”. Нашиот денешен Петре заедно со неговиот шеф Зоки не дај боже да им паднат на луѓето во раце во некоја темна уличка… Прекарот на Петре Пирузе значел свежина, новина, раѓање, будење, цутење, радост, име пренесувано од уста на уста, од човек на човек. Во негова чест е испеана песната „Топови грмат, земјата трештит“… Е тој Петре, нашиов Петре ке го бришел оти улицата му била во маало“, пишува Груевски.

 

Шилегов посвети Фејсбук статус на Груевски

На ова градоначалникот Петре Шилегов на својот Фејсбук профил посвети статус на Груевски.

Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците.

Така што, сите улици ќе бидат осветлени …

Ленинова на пример ?

А да !!! И Мексичка

Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море …

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.