Новак Ѓокович се пласираше во финалето на најпрестижниот Тениски Турнир во Англија, тој оваа вест ја објави предмалце на неговиот ФБ профил

Објавил: admin@magazin | 14 јули, 2018 17:59

Ѓокович го згази Надал и се пласира во Финалето на Вимбелдон

Фото/Текст извор: ©мagazin.mk

Новак Ѓокович го победи Шпанецот Рафаел Надал Паера во три сетови со што успеа да се пласира во големото финале. Ѓокович долго време беше повреден и многумина неговото враќање го ставаа во знак прашалник , но Новак со денешната брилијантна игра го потврди неговиот голем Comeback  во елитата на тенисот.

Првиот сет Ѓокович го доби со 6:4  за потоа да ја стави публиката во напнатост кога вториот сет го изгуби со 3:6 но затоа пак во  третиот сет се врати повторно во игра и покажа голема концентрација на тернот и победи со  7:6 . Четвртиот сет заврши 3:6  за Надал за да во последниот сет во една напната атмосфера Ѓокович го победи Надал со 10:8

Рафаел Надал Паера роден на 3 јуни 1986 година е шпански професионален тенисер, моментално светски број 1 во машкиот сингл тенис од Асоцијацијата на тениски професионалци Познат како “Кралот на глина”, тој е нашироко познат како најголем играч во историјата. Еволуцијата на Надал во шампион од сите, го етаблира како еден од најголемите тенисери на сите времиња.

Новак на својот профил ја објави сликата од насловната и напиша, споделете нека види цел свет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис