Јакимоски дециден, Заев сака да каже амнестија и за тие што пееја химна на друга држава, да си подадеме рака за тие со 58 гласа што избраа претседател на Собрание

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 октомври, 2018 8:16

Јакимовски: Народот на 30 септември ја делегитимираше владата на Заев, затоа бара амнестија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Стевчо Јакимовски, претседателот на ГРОМ во емисијата “Отворено” вели дека владата на СДСМ и Зоран Заев е целосно фијаско за граѓаните на Република Македонија.

Според него процесот на делегитимација на владата на СДСМ започнал на 30–ти септември кога и покрај сите нерегуларности и неправилности, со полнење на кутии и со закани и уцени, референдумот пропаднал.

Со секој ден, секоја секунда додека на чело на владата е Зоран Заев, зијан е овој народ. Гледајте во економијата што се случува, гледајте 90 милиони евра не реализирале капитални инвестиции. Значи станува збор за тотално фијаско од кој и аспект и да гледате. – вели Јакимовски.

Јакимовски смета дека на граѓаните им станало повеќе од јасно зошто Зоран Заев бил донесен во Република Македонија.

Сега дали му е јасно на народот зошто Зоран Заев насила е донесен во Република Македонија. За да голтнеме тиранска платформа, за да голтнеме Договор со Бугарија и за да голтнеме Договор со Грција и тој нема каде, он знае дека после ова тешко му се пишува ако не го помине во Република Македонија. – нагласи Јакимовски.

Јакимоски ги коментираше и обидите на Заев за национално помирување но и амнестија.

Неговите панталони се спуштени. Да не бидам вулгарен тој е спремен многу повеќе да даде отколку амнестија и помирување. За какво помирување тој зборува? За циркусот кој што тој го направи? За што е обвинет глумецот Јовановски? За што е обвинет Дурловски? За што е обвинет Борис Дамовски? Зошто влегле во Собранието  пееле и држеле говори? За тоа ли го направија обвинението тероризам? – Јакимовски. 

Јакимовски додаде дека изјавата на Зоран Заев е поигрување со човечки животи, додавајќи дека на луѓето од 27-ми април им накалемиле кривично дело злосторничко здружување тероризам, но според него злосторничко здружување има од страна на политичари, обвинители и судии, а не на обвинетите од крвавиот четврток.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести