Се лиферуваат информации дека кривичната против Јанчев е фрлање магла во очите на јавноста, бидејќи западните спонзори го подготвуваат за претседател на ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 11:51

Јанчев кај Тодоров на “подготовки” за нов претседател на ВМРО – ДПМНЕ?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот вечен министер на Никола Груевски, претплатник на услугите на СЈО, Никола Тодоров според партиски информации од власта, е лицето кое ќе го води процесот за обид за промена на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено, имено на Тодоров за прв пат се спомна во писменото обраќање на пропаднатиот кандидат за претседател на партијата, Митко Јанчев, актуелен градоначалник на општина Кавадарци, за кој упатени извори тврдат дека е писмена задача на поранешниот министер.

Никола Тодоров во периодот од 2009 до 2011 година ја извршувал функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од 2011 до 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство. По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата. Партиската биографија на Митко Јанчев е празна.

Како се работи за проект во кој СДСМ и Заев со западните спонзори имаат голем удел, говори и фактот што Јанчев во партијата не се појави ни по обвинувањата зошто гласал на пропаднатиот референдум, како и зошто од високата позиција потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ дава изјави кои се дијаметрално спротивни од партиските.

Пред почетокот на собраниската Седница за уставни измени, Јанчев јавно проговори дека кога би пратеник во Собранието на Македонија лично би гласал со “за” со што би изразил недвосмислена поддршка за уставните промени и имплементирање на Преспанскиот договор.

Јанчев беше и изборот на Заев да ја достави понудата за укунување на обвиненијата против поранешни функционери од ВМРО – ДПМНЕ, укинување на СЈО, именување Јавен обвинител и се со цел поддршка на уставните измени.

На денот на гласањето, Јанчев неполни 4 часа пред фото финишот заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања во полето на бизнис работењето.

Јанчев на сите обвинувања на високи функционери од ВМРО – ДПМНЕ, членови на партијата и симпатизери, одговараше еднообразно, дека се што кажал е согласно ставот на партијата и дека нема никој да го смени од седење дома, причина поради која и не се појавил на виталните седници на ЦК и ИК на партијата.

Никола Тодоров своето дистанцирање во корист на СДСМ и Јанева го направи веднаш по конституирањето на Собранието на Македонија по изборите кога си поднесе оставка повикувајќи се на изговорот дека сака да работи по својата професија, адвокат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.