Професорот Људмил Спасов од катедрата по книжевност стана човекот во владата на Заев кој се грижи за македонскиот јазик со изјави дека Законот за јазиците не го загрозува во целост

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 12:03

Људмил Спасов тврди дека е нормално што албанците гласале за 17 секунди по гласач

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Фамозниот професор доктор Људмил Спасов кој Владата на Македонија на Заев го именуваше за претседател на Советот за македонски јазик, сега работи и математички статистики кои се граничат со здравиот разум.

Имено професорот Људмил Спасов од СДСМ во интервју за Економски Лидер вели дека секогаш ќе постои сомнеж за гласањето на референдумот. Но, како што тврдии, тоа што се гласало за 17 секунди по гласач во Албанските избирачки места, не значи дека се случил фалсификат.

Според ДИК на неколку избирачки места во Скопје и Западна Македонија во последниот час од гласањето рапидно пораснал бројот на гласачи, или граѓаните гласале на интервали од 14 до 46 секунди. На пример во Студеничани за 90 минути гласале 314 граѓани или на секој 17 секунди влегувало по едно ливче во кутијата.

На оваа контатација и прашањето дали е можен фалсификат или полнење кутии, Спасов одговара:

Јас не се согласувам со тоа, тоа не е математика, има повеќе пултови за гласање, секогаш на крајот од гласањето се создава гужвата. Постои сомнеж за се, но и одговорност за се, во случајов избирачките одбори ја имаат одговорноста но тоа треба да се докаже. Постои кривичен законик, според кој треба сите да се држиме и секоја манипулација е кривично дело, но доколку имало прекршување, тоа треба пред се да се докаже.

При констатацијата дека масовното гласање, традиционално е евидентирано во средини со доминантно албанско населени и прашањето дали има можности за лажирање на цензусот за референдумот но и манипулација со етничкото албанско население, Спасов одговара:

Точно е дека има манипулација повеќе кај албанците, но сепак овде постои политичка манипулација, да се докаже дека албанците гласале вака или така. Сепак јас да обвинувам на тој начин на една заедница како народ е апсурд. За мене е манипулација дека некој е виновен затоа што рефередумот е успешен, затоа што 90% гласале ЗА. Гласањето мора да биде според законот и се надвор од него е кривично дело, но тоа треба да се докаже. А ако манипулирам да даокажам дека референдумот не е успешен поради ред причини затоа што гласале албанците или србите или бошњаците, тоа за мене е кривично дело или омраза.

Спасов како и неговите колеги од СДСМ смета дека иако правно цензусот не е исполнет, референдумот е сепак успешен:

За мене ова е успешен референдум. Над 90% глсаа ЗА. Успешен е затоа што гласаа 600 000, ова е огромна бројка. Но, сепак мислам дека треба да се прочисти избирачкот список. Да се среди и утврди дали навистина МАкедонија има милион и 800 000 гласачи. Да судам дека референдумот е неуспешен затоа што немало 900 000 гласачи тоа е апсурд. Референдумот е консултативен, кога имате јасно искажан став и поддршка на 90% од граѓаните, треба да ја почитувате.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.