Нови детали од страшниот настан кој го потреси Балканот !

Објавил: Узунов Бобан | 8 март, 2019 10:46

Ќерката на монстурмот кој си ги фрли децата од прозор се разбуди од кома !

Фото/Текст извор: ©магазин

Ќерката се разбудила пред три дена на одделението на интензивна нега во болницата Ребро во Загреб, каде и моментално се наоѓа. Комуницира со персоналот, а една од првите работи кои ги споменала била дека дома ја тепале.

Станува збор за девојчето кое е помеѓу четирите деца кои ги фрли од прозор таткото Јосип Роџак од островот Паг во Хрватска.

Како што информира споменатиот хрватски медиум, за физичкото малтертирање кое девојчето го доживувало дома и пред ужасниот настан, кога таткото ја фрлил од балконот, зборувала спонтано и доста отворено

Поради ова, докторите во болницата биле шокирани.

Од болницата за хрватските медиуми пренесуваат дека здравствената состојба на девојчето е подобрена, успешно се опоравува и во вторник би требало да биде префрлена во друго одделение.

Според овие информации, девојчето во болницата постојано зборувало дека сака да оди дома и да ја види мајка си. 

Инаку ова е инцидент коха 54-годишен маж од прозор од првиот кат на својата куќа ги фрлил своите четири деца. Инцидентот се случил во Паг, Хрватска, пред неколку дена. Две од децата се потешко повредени.  За време на немилиот настан била присутна и 43-годишната мајка на децата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.