Талат Џафери во својата "политичка" кариера има оштетено 5 возила во сопственост на Владата на Македонија и сите биле користени во партиско - пропагандни цели

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 8:46

Џафери по “кратка” постапка купи две нови возила за Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието на Република Македонија со одлука на Талат Џафери се поднови со две нови возила, поточно две лимузини седан, марка “FORD Mondeo Trend”, за кои треба да плати 50.000 евра.

Договорот за набавката на лимузините, произведени 2018 година,  беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а бил склучен на 19 јули, со компанијата „МИ-ДА ГРАНД МОТОРС ДОО“ Скопје.

Џафери кога од терорист СДСМ го направи политичар во 2005 година беше обвинет дека прави дар мар со службените возила. Имено тогашниот УЧК-а командант Форина на функцијата заменик министер за одбрана и немаше среќа со службените возила.

Тогаш  украденото службеното “Толедо” и тоа на сред Софија, Република Бугарија, беше трето возило со кое Џафери го оштети Министерството за одбрана.

Чисто за потсетување за време на кампањата за локалните избори 2005-та Џафери прво имаше сообраќајка со службениот џип “Сузуки Витара” кој се користеше во партиски цели. Сообраќајката се случи поради непочитување на условите на патот при што џипот излета во близина на селото Форино, родното место на Џафери.

Полесно помина “Пасатот” на Џафери со кој направи сообаќајка за која тогаш ДПА обвиди дека службените возила од страна на Џафери се користат само за партиски и пропагандни цели. Но тоа не беше основниот проблем. Јавноста и тогаш и сега сеуште се прашува кој ги платил и дали ги платил поправките за хавариите на возилата.

Ќе ги користи ли и новите возила Џафери за кампањата за референдумот за промена на името?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.