Неславен краен на големо најавуваваниот телевизиски проект

Објавил: Узунов Бобан | 18 септември, 2019 13:12

1ТВ на Боки 13 под стечај

Фото/Текст извор: ©магазин

Поднесен е предлог за отварање стечајна постапка на телевизијата 1ТВ, дознава ПресингТВ. Предлогот бил  поднесен  на 13- ти овој месец, а за информацијата ја  потврдија и од Основен граѓански суд.

Во врска со Вашето прашање Ве известуваме дека на ден 13.09.2019 година,
поднесен е предлог за отварање стечајна постапка заведен под наш
СТ-199/19. Предлогот е поднесен од страна должникот.

Инаку, телевизијата на првоoсомничениот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, пред две недели престана да емитува програма,  со што се  соочува и со одземање на дозволата, доколку не го продолжи емитувањето во наредните 30 дена.

Вработените во медиумот кон крајот на јули заминаа на колективен одмор откако Јовановски беше уапсен, но по кратко време се вратија во обид да ја спасат телевизијата. Неофицијално, големите долгови и неможноста да се покријат дури ни режиските трошоци се причината медиумот да престане да емитува програма.

Кабловската телевизија 1ТВ, чиј челник и неформален сопственик беше Боки13, а формална фирма БЈМ медиа група на неговиот татко Миле и Јасна Мандиќ, почна да работи во март 2018.

Првата поврзаност на власта со 1ТВ излезе во јавноста со финансирањето на телевизијата за време на кампањата на претседателските избори

Да постетиме дека 1ТВ не ги испoчитyвала законските рокови да ги достави ценовниците во рок од 5 дена од распишување на изборите, а во кој рок радиодифузерите беа должни на своите програми и два пати да ги истакнат ценовниците.

Ова е јасно истакнато во член 75 од Изборниот Законик. Откако не ги ипочитувале роковите, и доставиле ценовник 9 дена по распишување на изборите, 1ТВ за својот аматepизам, се нафрли врз ДИК со секојдневни спотови и притиcoци врз претседателот на ДИК, и почна да води спорови пред cyдови, за наводна штета.

Со скандалозна одлука Основниот cyд 2 иако ненадлежен преcyди кој може да учествува во изборната трка, откако законските рокови изминале и според неговата одлука беа доделни огромни средства на 1тв надвор од законот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.