Традиционално, криминалците од албанското подземје во Македонија, СДСМ ги пушта на условен отпуст, пред избори а сега за претстојниот референдум за промена на името

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2018 12:45

Сејдиу пред референдумот повторно на слобода?

Фото/Текст извор: ©досие.мк

Бајруш Сејдиу не се враќа во затвор, одлучи судот според кој неофицијално имало многу ургенции надвор од судот за да се реализира отпустот.

Според одлуката на Кривичен совет на Кривичниот суд нему му бил даден условен отпуст од 11 месеци.

Невообичаено е и тоа што претседателот на судот му наредил на доставувач наредбата и одлуката на Кривичниот совет да биде однесена во затворот во Куманово, што не е пракса на судот и невообичаено е коси со дел од законските одредби одлуката на Кривичен совет за давање условен отпус на осудено лице чија казна била во прекин за извршување поради здраствени причини.

Условен отпуст е предвремено отпуштање на осуденото лице од издржување на казната затвор и тоа е една законски утврдените основи за отпуштање на осудените лица.

„Осуденото лице, кое се наоѓа на издржување казна во установата, молбата за условен отпуст ја доставува преку управата на установата до судот што ја донел пресудата во прв степен кој одлучува за условниот отпуст“, предвидува законот, но не предвидува достава на документација освен за итни судски постапки.

Кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу има две пресуди една од 12 години затвор и уште една од 5 и пол или вкупно 15 години. Осуден е за малверзации со стечајни постапки, фалсификување цигари, злосторничко здружување. 

Бајруш Сејдиу беше со слични отпусни услови пуштен на времена слобода и минатата година, во екот на предизборната кампања за локалните избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.