Се почести се македонските интелектуалци, кои не ги прифатија партиските ставови на МАНУ, а кои застануваат во одбрана на Македонската држава и Македонскиот национален идентитет

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 декември, 2021 10:57

Клетников: Северна Македонија е билет за смрт, не за Европа

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Сакаат да ја докусурат Македонија и да ја распаднат нацијата, обвини Ефтим Клетников од „Македонски манифест“.

„Никогаш кај нас не доаѓале толку многу странци. Видете Столтенберг сега втор пат доаѓа. Прв пат дојде да го одликува Али Ахмети кој беше водич на албанските терористи во 2001 година и да ја поддржи албанската платформа.

Говорењето на Зоран Заев на македонски јазик во Брисел е уште еден штос. Тие македонскиот јазик го избришаа со договорот со Бугарија. Со Северна Македонија имаме билет за смрт не за во Европа“, рече Клетников.

Со Договорот со Грција се укинува нашиот идентитет. Клетников замерни на преименувањето на аеродромот и автопатот, а пак, тврди дека античка Македонија била подарена на Грција.

„Ние можеби вистина ќе влеземе во Европа како што вели премиерот, но по 15-20 години. Во Европа влегуваме како живи мртовци, бидејќи влегуваме како Северна Македонија. Идентитеската смрт им е наменета на македонците во Македонија. Не на албанците, бугарите и останатите народи во Македонија.

Ќе влеземе во Европа ќе имаме плати до небо, тоа е лага до лага. Ромаците кои се во Европа, уште посиромашни станаа. Се манипулира на голема врата“, додаде Клетников.

*Ефтим Клетников е македонски поет, книжевник, ликовен критичар, есеист, преведувач, општественик, македонист и истакнат активист во сферата на Македонските национални прашања и интереси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести