Премиерот Ковачевски во својата објава истакнува дека живееме во време на огромна светска економска криза, но дека со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Ковачевски: 400 милиони поддршка за животниот стандард и економската стабилност

Ги насочуваме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет...

admin@magazin / 11 март, 2022 17:41

Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни.

-Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршувањето на средбата премиерот Димитар Ковачевски.

Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во годината и тоа во март и септември кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци.

-Со воведувањето на оваа методологија и со зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 година имаме историски најголемо покачување на пензиите. Со ова потврдуваме и исполнуваме уште едно од ветувањата дадени на денот кога ја избиравме Владата, а тоа е дека грижата за пензионерите ќе биде нејзин врвен приоритет, истакна Ковачевски.

Со ова, додаде тој, ќе се креира модел кој ќе овозможи усогласување и пораст на пензиите кои нема да зависат од политичката волја на која било власт.

Финансиската поддршка за пензионерите, појасни Ковачевски, се обезбедува заради економската криза која е предизвикана и од КОВИД-пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија.

-Заради енергетската криза и заради економската криза која произлегува, како од корона-кризата, така и од војната која што се води во Украина, се договоривме Владата да исплати финансиска помош на сите пензионери од по 1.000 денари за три месеци – април, мај и јуни, што треба да помогне во зголемувањето на буџетот на пензионерите, истакна премиерот.

Ковачевски: Пензиите ќе се зголемат според „Швајцарски модел“

Владата ги прифати предлозите за новата методологија за пресметување на пензиите! Владата и претставници на Сојузот на здруженијата...

Рејхан Бајрами / 6 март, 2022 10:37

За двојните аршини на европската бирократија, говори фактот што Бугарија стана дел од Европската Унија, без никакви условувања за човекови права и слободи – иако бугарскиот Устав е дискриминаторски и не го признава македонското малцинство.

Ковачевски потврди дека промената на Уставот ќе стане дел од преговарачката рамка

После состанокот помеѓу премиерите на Македонија и Бугарија на безбедносната Конференција во Минхен, Кирил Петков најави...

Рејхан Бајрами / 22 февруари, 2022 17:44

– Согласно со процедурите ќе имаме седница Централен одбор на која ќе ги информирам за разговорите со коалиционите партнери. Планирам да предложам неколку нови членови на ЦО и раководство на партијата кое ќе вклучува членови и на постојното, но и нови лица, изјави Ковачевски за ТВ24 по примопредавањето на функцијата претседател на СДСМ од досегашниот лидер Зоран Заев во седиштето на партијата.

Ковачевски не откри детали кој ќе замине, а кој ќе остане.

Ковачевски: Промени во раководството на СДСМ ќе има

Ковачевски порачувам да ги чува вредностите на СДСМ, солидарноста, слободата демократијата, еднаквоста помеѓу граѓаните....

Мирко Бачиќ / 15 декември, 2021 20:31

Претседателот Ковачевски му се заблагодари на поранешниот претседател Заев за сиот негов придонес во водењето на СДСМ, но и на Владата во изминатите години, период во којшто земјата стана членка на НАТО и постигна историски успеси.

Ковачевски ја презеде функцијата претседател на СДСМ

Попладнево во седиштето на СДСМ се одржа примопредавање на функцијата претседател на партијата. Поранешниот претседател...

Перо Милчин / 20:28

„Ковачевски посетил курс на Харвард од неколку дена, кој може да го посети секој еден кој може да плати десетина илјади евра за таа намена.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако завршил на Харвард, Ковачевски ќе има алумни-број

Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски лаже за диплома на Харвард, повторно обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Ковачевски...

Перо Милчин / 12:31

Тој е предавач на додипломските, постдипломските и докторските студии и е автор на голем број научни трудови од областа на економија и менаџмент објавени во меѓународни научни списанија и конференции

Кој е Димитар Ковачевски – наследникот на Зоран Заев

Според биографијата објавена на официјалната страница на Владата, 47-годишниот Димитар Ковачевски е роден во Куманово. Доктор...

Мирко Бачиќ / 13 декември, 2021 7:09

СДСМ секогаш била и мора да остане партија која обединува.

Ковачевски: Ќе се кандидирам за претседател на СДСМ, подготвен сум да преземам одговорност

​СДСМ треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите.  Приоритет...

Рејхан Бајрами / 28 ноември, 2021 14:05