Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид

Хаос во детското одделение во охридската Општа болница, децата се носат во Струга

Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти, ниту има 24 часовни дежурства. Причина...

Мате Парлоф / 16 ноември, 2022 7:56

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не се живее, или не се издава, во сила се уште...

Перо Милчин / 9 ноември, 2022 8:41

Неговата фондација ,,Бугарска меморија” пак, основана во 2007 година, поддржувала национално одговорни иницијативи во духот на европските вредности.

Милен Врабевски е човекот кој ги финансира бугарските клубови во Битола и Охрид

Бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола и новоотворениот бугарски клуб ,,Цар Борис Трети” во Охрид ги финансира познатиот...

Мате Парлоф / 9 октомври, 2022 12:35

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот културен центар во Благоевград непознати...

Перо Милчин / 6 октомври, 2022 6:46

„Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од прв

Градоначалникот на Охрид: Жалам што нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој е под покровителство на претседателот на државата

Се огласи и градоначалникот на општина Охрид, откако се потврди информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот...

Катерина Крстиќ / 18 август, 2022 5:42

„Претседателот на Националната пливачка федерација информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското

„Срамна е одлуката за неодржување на Охридскиот маратон!“

Охридскиот пливачки маратон оваа година нема да се одржи. Причината е блокираната сметка на пливачката федерација на Македонија....

admin@magazin / 5:32

На 29.07.2022 околу 22 часот, во СВР Охрид приведена е 20 годишна охриѓанка. При преглед извршен за време на музичка манифестација во Охрид, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа ќеса

Приведена 20-годишна охриѓанка на музичка манифестација, имала ќеса со кокаин

Приведена 20-годишна охриѓанка на музичка манифестација, имала ќеса со кокаин, информираат од СВР Охрид. На 29.07.2022 околу 22 часот,...

Перо Милчин / 30 јули, 2022 13:21

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар)


Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули, а датумот никогаш не се менува.

Празнувањето започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквите и манастирите кои го носат името на светецот “Св. Наум“ да се помолат и запалат свеќа за здравје. Во дворот на црквата стојат со свеќи или некои чекаа да се качат внатре каде има и верници кои се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болни за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.

Имено Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

За животот и дејноста на Св. Наум се знае дека заедно со Св. Климент Охридски се едни од петмината ученици на словенските просветители Св. Кирил и Методиј кои учествувале во Моравската мисија во Рим во 9 век. По смртта на Методиј преку Бугарија дошол во Македонија и брегот на Охридското Езеро го изградил манастирот кој го носи неговото име.

Но, споменот на Св. Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а било во врска со светителот ( лекување болни, скротување на зверови, изградба на манастирот, негова заштита). Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото за лекување на лица од страна на светителот и подарување на имот на манастирот, за подарување н камбани и и други дарови на манастирот од оние на кои им помогнал.

Кога починал свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.

Денес се празнува Свети Наум Охридски Чудотворец

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (23 декември...

Мате Парлоф / 3 јули, 2022 11:11