Лидерот на Левица Димитар Апасиев во гостување во емисијата „Само Вистина“ меѓудрогото се осврна и на Преспанскиот Договор. Тој истакна дека во овој момент македонското политичко милје нема сила да го пoништи овој Договор.

Објавил: Владо Марин | 24 јули, 2020 22:22

АПАСИЕВ: Во моментов 5 пратеници се уценувани од страна на СДСМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вечерва во „Само интервју“ гостин беше Димитар Апасиев! Тој рече дека му се заканувале на неговото семејство, а во моментов 5 пратеници се уценувани од страна на СДСМ, објави Апасиев ексклузивно во Само интервју!

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во гостување во емисијата „Само Вистина“ меѓудрогото се осврна и на Преспанскиот Договор.

Тој истакна дека во овој момент македонското политичко милје нема сила да го пoништи овој Договор.
 
Преспанскиот Договор е швeрцерски договор, нема потпис од претседателот кој е по Устав титулар да го овласти и да го потпише и во моментот македонското политичко милје не може да го пoништи овој договор – рече тој!
 
Според мене постојат 3 варијации за состав на влада: “мафијашко” сценарио се СДСМ и ДУИ. Втората остварлива варијанта ја именувам како “антикорупциска” а тоа е ВМРО-ДПМНЕ со сите албански партии без ДУИ и третата е т.н “показна” Влада помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ која би траела една година до следните предвремени парламентарни избори, а како пандан на тиранската платформа, рече Апасиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.