Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка.

Објавил: Владо Марин | 25 октомври, 2020 8:38

Ден на жалост во Шуто Оризари: Амди Барјам денеска ќе биде испратен во вечниот дом!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Општината Шуто Оризари денешниот ден (25.10) ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам. ММС од извори во општината дознава и дека утре во 10 часот во општината ќе се одржи комеморативна седница.

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.

Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.

Поранешниот пратеник Амди Бајрам, кој почина вчера на 64 години, имал позитивен тест на ковид-19 кој е утврден посмртно, и затоа Центарот за јавно здравје – Скопје ги презема сите мерки за заштита и спречување на понатамошно ширење на инфекцијата во и вон неговото семејство и сите оние кои во изминатиот период имале интензивни и блиски контакти со починатиот, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до семејството, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработува со надлежните служби.
 
Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од понатамошно ширење на инфекцијата од ковид-19!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.