Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ.

Објавил: Владо Марин | 3 декември, 2020 16:06

Заев шири лажен патриотизам, вели Мицкоски!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лажливецот Заев денес обвинува за некаков лажен патриотизам и тоа во истиот ден кога соопштува дека ќе ги менува учебниците по историја во согласност со туѓи желби. Заев велеше дека потпишал договор за пријателство со кој се отворени вратите кон ЕУ, а сега гледаме дека тој негов договор ги затвора вратите на ЕУ, вели лидерот на Вмро-Дпмне, Христијан Мицкоски!

Лажливецот Заев нѐ убедуваше дека бугарскиот меморандум бил некаква политичка игра без значење, за да сега гледаме дека токму тој меморандум е официјална државна стратегија.

Мицкоски вели дека Заев тврдеше дека нема да има анекс на договорот со источниот сосед, а денес гледаме дека преговара токму за тоа.

Лажливецот Заев којшто веќе го начна македонскиот идентитет, денес лаже дека го брани идентитетот во време кога јавно во интервју ги оспори и идентитетот и јазикот. Тој велеше дека сето ова е во главите на вмровците, ама пустото се потврди дека за сѐ сме биле во право.

Сосема на крај, лажен патриотизам е да ја ограбуваш државата, во исто време кога евтино го продаваш тоа што е најскапо за македонскиот народ.

Нема играње со најсветото, а народе ова е апел до секој еден човек дека мораме да бидеме гласни сега, за да не биде предоцна утре.

Оставка на Заев, слобода на народот, потенцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.