Американскиот претседател беше префрлен во болница откако добил симптоми на Ковид 19. Неговиот лекар соопшшти дека чувствува замор има грозница и покачена температура, а почнал да зема антивирусен лек Ремдесивир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2020 8:55

Трамп се огласи од болница: Мислам дека оди на добро!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако доцна синоќа во медиумите беше објавена веста дека американскиот претседател Доналд Трамп итно е пренесен во болница, се огласи и тој на социјалната мрежа Твитер.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Американскиот претседател беше префрлен во болница откако добил симптоми на Ковид 19. Неговиот лекар соопшшти дека чувствува замор има грозница и покачена температура, а почнал да зема антивирусен лек Ремдесивир.

Од болницата соопштиле дека за сега неговата здравствена состојба е под контрола и не му бил потребен  „дополнителен кислород“.

Поради тоа што Трамп беше еден од оние кои гласно говореа дека вирусот е измислен во лабороторија, и ја потценуваше сериозноста на пандемијата, иако вирусот се уште е опасен и убива најмалку 1.000 Американци дневно, сега неговата политичка кариера е ставена под знак прашалник.

Извор близок на Си-Ен-Ен изјавил декаТрамп со часови имал треска, кашлал и имал покачена температура, . Меланија сопругата на Трамп има поблаги симптоми и се наоѓа во стабилна состојба!

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани на Ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе почнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова“, објави Трамп вчера на „Твитер“.

Остануваат триесет дена до крајот на кампањата, а сите најавени настани во кои се вклучени членови на семејството на Трамп се исто така привремено одложени.

„Сите други настани во рамките на кампањата ќе бидат разгледани од случај до случај и ние ќе го објавиме соодветното соопштение неколку дена однапред“, се вели од кампањата на Доналд Трамп.

Инаку вчера престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ објави дека кандидатурата на претседателот на САД, Доналд Трамп на престојните избори е неизвесна поради позитивниот тест на Ковид 19 кој може да  поттикне прашања дали неговото име треба да стои на гласачките ливчиња на изборите на 3 ноември.

-Дури и да не појави симптоми, тој треба да се повлече од кампањата и да биде во изолација во текот на незнаен временски период, наведува весникот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.