Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 10:33

ШКОЛИТЕ СО МНОГУ ДЕЦА ВО КОМБИНИРАНА НАСТАВА, ОСТАНАТИТЕ РЕДОВНО ВО ШКОЛО?

Фото/Текст извор: ©фактор.мк

Претставнивници од Министерството за образование и наука, денеска и утре на состанок со Комисијата за заразни болести ќе разговараат за почетокот на новата учебна година, по што конечно ќе се знае моделот по кој ќе се организира наставата од 1.септември. И од МОН и од Комисијата за заразни болести уверуваат дека овие денови ќе ги утврдат сите детали, а потоа предлогот ќе го достават до Владата, објави Фактор.мк.

Веќе е речиси извесно дека училиштата во земјава, каде бројот на деца е многу мал ќе имаат редовна настава со секојдневно одење во училиште, единстевно што треба да договорат е како ќе работат оние училишта каде има огромен број деца во паралелките.

-Непречено би се одвивала наставата во многу училишта низ Македонија каде во паралелките има по десеттина деца, некаде и помалку. Тие ученици би оделе секој ден во училиште, нема причина да биде поинаку. Единствено што ќе треба е да се придржуваат до општите здравствени протоколи, што значи дека и децата и наставниот кадар, и воопшто останатите вработени во училиштето треба да носат маски, да одржуваат растојание и да се внимава на хигиената, односно дезинфекција во училниците, тоалетите, кујните, велат од Комисијата за заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.